Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска со објава на Фејсбук информира дека во Аланија, Турција ја примил Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство (GJC).
Наградата на Гаши му била врачена од Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни работи.
„ Во Албанија, Турција, на една извонредна церемонија и во топла пријателска атмосфера, имав чест да ја примам Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство (GJC). Ова признание претставува благодарност за нашата посветеност во Собранието на Република Северна Македонија за зајакнување на парламентарната дипломатија, транспарентноста и одговорноста. Во време кога гласовите често се издигнуваат погласно од аргументите, и кога информацијата понекогаш ја губи правичноста пред брзината, оваа награда ме потсетува дека вистинската дипломатија и одговорната работа се градат врз почит, разбирање и отворен дијалог. Длабоко сум благодарен на Глобалниот совет за новинарство, организаторите и жирито за оваа голема чест“, напиша Гаши во објавата.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


