Во однос на условувањето од Бугарија, Парламентот е подготвен во секое време да го започне процесот на уставни измени што земјата ја држат во застој. Сепак, потребен е консензус и политичка волја процесот да продолжи напред во согласност со стандардите на ЕУ и тој да не биде попречен од билатералните прашања, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши, на Седмата пленарна конференција на НКЕУ-МК. Оценува дека како држава сме во временски теснец и оти треба да бидеме премногу умешни да ја најдеме вистинската формула како да постапиме.
Гаши, во обраќањето на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, нагласи дека билатералните прашања не треба да претставуваат пречка за унапредување на процесот во евроинтеграции и оцени дека секоја држава која сака да стане членка на ЕУ треба да ги реши билатералните прашања без тие да влијаат во напорите за реализација на европските интеграции.
„Силно верувам дека проширувањето е можно ако регионот е тесно поврзан со ЕУ преку поврзување на заедничките вредности, демократија. Јакнењето на врските со соседите е неотуѓив дел од нашата стратегија на европските интеграции“, рече Гаши.
Според него, напредокот на Албанија, иако покажал предност во однос на Северна Македонија, имајќи ги предвид познатите условувања, сепак, вели, покажува дека ЕУ е сериозна во однос на проширувањето кон Западен Балкан и оти е заинтересирана за стабилен и интегриран регион.
Гаши потсети дека Собранието постојано работи на усвојување на закони и реформи, неопходни за усогласување на законодавството и оти ќе продолжи да биде лојален и непоколеблив партнер за постигнување на оваа стратешка цел.
„Собранието е главната институција во државата и сакајќи да го продолжиме процесот кога сме ги определиле нашите стрaтешки цели, нормално е дека во Парламентот треба да се одвива главната дебата. И јас од првиот ден се залагам за ова и сум на располагање на сите кои ќе помогнат да го движиме Собранието во таа насока. Овој настан е одлична можност за да направиме квалитетна диксусија за нашата заедничка заложба за членство во ЕУ. Денеска додека ќе се дискутира за основните вредности за ЕУ, можеме да видиме одлучност и сериозност на државата да го унапредиме нашиот статус кон ЕУ“, рече Гаши.
Слични новости
Македонскиот пасош на 34. место меѓу патните исправи на 133 земји во светот
Пасошот на Македонија се наоѓа на 34-то место заедно со Ел Салвадор, Гватемала и Тајван. Македонскиот пасош овозможува непречен влез без виза во 80 држави, додека пак во 50 држави се добива виза по пристигнување.
Скопје утрово е најзагадениот град во Европа
На листата најзагадени градови во светот прв е Делхи, потоа следуваат Лахор, Акра, Дака, Кабул, а потоа е Скопје. Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“, главниот град на Македонија утрово е најзагаден град во Европа.
Најстудено во Берово, најтопло во Дебар
Во седум часот, висината на снежната покривка во сантиметри изнесувала 33 на Попова Шапка, 24 – Маврови Анови.