Рускиот енергетски гигант Гаспром преку својата подружница „Гаспром Тех“ стекна контролен пакет од 51 насто од акциите кај производителот на луксузни автомобилин „Аурус“, познат по лимузината „Сенат“ која ја користи и рускиот претседател Владимир Путин.
Руските медиуми се повикуваат на анонимни извори за контролниот пакет од Гаспром, а веста ја потврдија и од компанијата Аурус.
Вредноста на трансакцијата се проценува на 12-13 милијарди рубљи, или околу 135 милиони евра.
Слични новости
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена


