Компанија за гас учествува во истрагата за смртта на оскаровецот 95-годишниот Џин Хекман и неговата 63-годишна сопруга Бетси Аракава, поради извештаите кои сугерираат дека двојката починала од сомнително труење со јаглерод моноксид.
Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава биле мртви веќе извесно време кога нивните тела, заедно со она на нивното куче, биле пронајдени во средата попладнето по локално во нивниот дом во Санта Фе, соопштија истражителите.

Според извештајот на детективите од канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе, телото на Хекман било пронајдено во помошна просторија, додека телото на неговата сопруга било до грејач во бањата.
Полицијата соопшти дека во овој момент не се сомнева дека станува збор за кривично дело, а портпаролката на канцеларијата на шерифот Денис Авила додаде дека нема индиции дека тие имале прострелни рани или други повреди.
Портпаролот на гасната компанија „New Mexico Gas“, Тим Корте, потврди за Associated Press дека компанијата соработува со канцеларијата на шерифот во истрагата.
По откривањето на телата, биле тестирани плинските инсталации во и околу куќата и не биле пронајдени никакви проблеми, но еден од детективите забележал дека луѓето изложени на истекување на гас можеби не мора да покажуваат јасни знаци на труење.
Слични новости
Пет големи рекорди кои би можеле да бидат соборени на Оскарите
Вечерва ќе се одржи 97. доделување на најпрестижните филмски наград – Оскарите, ноќ за која се очекува да биде исполнета со изненадувања, страсни говори и вирални моменти кои ќе доминираат со седмици
Пејачката Charli XCX победник на BRIT Awards
Пејачката Charli XCX, чиј албум „Brat“ инспирираше културен феномен минатото лето, е големиот победник, со пет награди, на овогодинешното доделување на BRIT Awards во Лондон
Пивската чаша на Исак Њутн ќе биде изложена во Кралското друштво во Лондон
Оваа дрвена чаша ќе биде дел од изложбата што се отвара на 4 март заедно со други предмети на Исак Њутн, вклучувајќи го и неговото најпознато дело „Математичките принципи на природната филозофија“,