Украина денеска одбележува 1.000 денови од почетокот на војната и до сега илјадници украински граѓани загинаа, а повеќе од шест милиони луѓе жиеват како бегалци. Бројот на населението на Украина опадна за една четвртина од моментот кога рускиот претседател Владимир Путин го отпочна нападот, кој, како што оценува Гардијан, претставува најголем конфликт во европа по Втората светска војна.

Британскиот весник потсетува дека Кремљ го одби планот за мир што го предложи турскиот премиер Реџеп Таир Ердоган, кој требаше да биде претставен на самитот на Г-20 во Бразил. Планот предвидуваше замрзнување на судирите на моментните позиции на двете страни.

Според извештаите, планот на Ердоган опфаќа: замрзнување на фронтот, обврска на Украина да не му пристапи на НАТО во наредните 10 години, снабдување на Украина со оружје за одбрана и поставување на меѓународни мировници во демилитаризирана тампон зона во Донбас.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го отфрли планот на Ердоган како „неоснован“ и рече дека станува збор за услови кои се неприфатливи за Русија.

Слични новости

Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета кон Украина

Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета кон Украина

Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета од јужниот регион Астрахан за време на утринскиот напад врз Украина во четвртокот, тврдат киевските воздухопловни сили, што би било првпат Русија да употреби толку моќна ракета со долг дострел за време на војната

Захарова: Појавата на НАТО сили во Украина би значел почеток на војната на Алијансата со Русија

Захарова: Појавата на НАТО сили во Украина би значел почеток на војната на Алијансата со Русија

Можеби тие не разбираат, но појавата на НАТО контингенти на територијата на Украина ќе значи дирекнто влегување на алијансата во војна против Русија, за што повеќе пати ги предупредивме“, рече Захарова.

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот бразилски колега по должност и домаќин Луис Инасио Лула да Силва во средата ги подигнаа дипломатските односи на повисоко ниво и склучија договори за инфраструктурата, енергијате и земјоделството, зацврстувајќи ги врските меѓу двете најголеми светски економии во развој