Финансиските пазари покажуваат знаци на нестабилност, а комбинацијата на високите цени на нафтата, растот од приносот на државните обврзници и неизвесноста околу технолошкиот сектор ги поттикнува страхувањата од нова финансиска криза, пишува Гардијан.

Весникот пишува дека септември 2026 е критичен бидејќи цените на нафтата се високи што се прелива врз цените на бензинот и дизелот и дополнително ги засилува животните трошоци, додека истовремено се забележува распродажба на државните обврзници ширум светот.

Гардијан наведува дека во последните недели цените на нафтата надминуваат 100 долари за барел, што ги засилува страхувањата од упорна инфлација и можен подолг период на високи каматни стапки.

Слични новости

Цената на нафтата пред втор последователен раст од шест насто

Цената на нафтата пред втор последователен раст од шест насто

Цената на сировата нафта и вчера порасна на берзите и се наоѓа пред втор последователен неделн пораст од 6 насто. Американската сирова нафта ВТИ се движеше околу 87 долари за барел, а сверноморската нафта Брент беше на нивото од околу 94 долари за барел, пренесува Трејдинг економикс.