Филмот на Универзал „Галаксијата на Супер Марио“ направен според франшизата од видео играта оствари одлични резултати и е прв на Бокс офисот и во втората недела од прикажувањето. Филмот надмина заработка од 300 милиони долари во САД и 600 милиони долари глобално и со тоа стана најуспешен филм во 2026.

Научно фантастичниот „Хеил Мери“ на Амазон МГМ со Рајан Гослинг во главната улога надмина 500 милиони долари заработка, по четири недели прикажување што е исклучително достигнување за филм од научно-фантастичниот жанр. Викендов филмот заработи 25 милиони долари во САД и 30 милиони долари на глобалните пазари.

Трет на Бокс офисот е провокативниот филм на А 24 „Драмата“ со Зендеја и Роберт Патинсон кој заработи 65 милиони долари глобално.

Слични новости