Обдукцијата на новороденчето што почина на Клиниката за гинекологија и акушерство покажала дека причината за смртта е незрелост на белодробието.
За ова денеска информираа од Гинекологија од каде што наведоа дека по добиените резултати од обдукцијата, семејството на новороденчето е повикано за лично да се запознае со сите детали од наодот кој, како што додаваат, покажува дека нема физичка повреда на кој било од органите на бебето.
„За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални неправилности во лекувањето на новороденото. Согласно заклучокот, Клиниката ќе постапи по сите правни процедури пропишани за евентуално поведување дисциплинска постапка во рамките на дозволениот временски рок“, наведуваат од Клиниката за гинекологија.
Оттаму изразија длабока жалост и сочувство до семејството за загубата на новороденчето.
Слични новости
Три дена по ред загадувањето над максимумот
Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат
Грипот во замав, минатата седмица во пораст од 31,3 отсто
Во текот на 50. седмица од годинава, односно периодот од 8 до 14 декември, во земјава биле пријавени 126 случаи на грип и на групни пријави, што е за 31,3% повеќе од однос на седмицата претходно, соопшти Институт за јавно здравје (ИЈЗ)
Од 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, само мали недоследности
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња


