Обвинитеството отвори нова истрага против која сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани во која изгореа 64 млади луѓе, Дејан Јованов Деко, со која тој и натаму ќе остане во притвор.
Новата истрага е за давање поткуп на вработен во министерството за економија а да добие лиценца, иако знаел дека објектот не ги исполнува стандардите.
Неговата адвокатка Ивана Коцевска рече дека овие наводи веќе се дел од расправата во предметот за трагедијата во дискотеката Пулс, и поради тоа смета дека обвинителството под притисок на јавноста отвара нова истрага која рече дека е конструкција и измислица.
Дејан Јованов е веќе една година во притвор по трагедијата во Кочани.
Слични новости
Денеска средба Муцунски-Петрова во Софија
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцински и неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова се очекува денеска да одржат средба во Софија
Ново рочиште за „Државна лотарија“
Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор Перпарим Бајрами и уште шест лица.
Продолжува судењето за трагедијата во Кочани
Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната.


