Напаѓачот на Арсенал Габриел Џезуз откри дека секојдневно размислува да се врати во Бразил, во неговиот матичен клуб Палмеирас. Тој рече дека неговата врска со Палмеирас никогаш не била прекината и дека негов сон е повторно да се врати и да игра за бразилскиот клуб.

Жезуз сезонава одигра 21 натпревар за Арсенал во сите натпреварувања и постигна пет гола и две асистенции. Тој не е прв избор на Микел Артета на позицијата прв напаѓач, бидејќи предност има Швеѓанецот Виктор Ѓокереш.

Жезуз има одиграно 64 натпревари за селекцијата на Бразил, но прашање е дали ќе успее да избори место во селекцијата која сега ја предводи Карло Анчелоти.

 

Слични новости

Арне Слот пред отказ од Ливерпул

Арне Слот пред отказ од Ливерпул

Ливерпул се трансформираше во тим без идентитет и слаби резултати, коментираат фудбалските аналитичари во Англија кои сметаат дека менаџерот Арне Слот не смее да остане на кормилото на Ливерпул