Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во неделата дека нема да има преодна влада, преки која опозицијата бара „да дојде на власт без избори“.

„Многупати сме ги победиле. Повторно ќе ги победиме и ќе ги победиме поубедливо од било кога и ќе ги победиме затоа што работиме за народот и затоа што го имаме народот…Велат потпишете преодна влада, мислат да дојдат на власт без избори. Нема ништо од тоа“, рече Вучиќ.

„Србија незапирливо се движи кон иднината и никој нема да не спречи на тој пат“.

 

Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије, изјави денеска дека СПЦ со длабока загриженост ја следи растечката атмосфера на конфронтација во општеството и дека се поголемите поделби го загрозуваат единството на народот.

„На наше големо жалење, ние како народ долго време сме погодени од разни немири, особено во последните денови кога се соочуваме со немири што се последица на големата трагедија во Нови Сад… И како луѓе, се подразбира дека очекуваме сите одговорни за несреќата да одговараат адекватно пред законот“, рече патријархот Порфириј.

„Истовремено, нашата црква, сите ние, со длабока загриженост следиме се што се случува во нашиот народ, во нашето општество, ја следиме се поголемата атмосфера на конфронтација и антагонизам со секојдневните инциденти од кои, се плашиме, не дај Боже, се прошири толку многу што може да има навистина голем број жртви“.

globe

Слични новости

Кинеската компанија ќе бара итно објаснување од Албанија по одлуката за блокирање на TikTok

Кинеската компанија ќе бара итно објаснување од Албанија по одлуката за блокирање на TikTok

Кинеската технолошка компанија „„ByteDance“, во чија сопственост е платформата за размена на кратки видеа TikTok ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со одлуката за затворање на платформата на една година во Албанија

Хрватските училишни синдикати најавија мирен марш како „порака за безбедни училишта“

Хрватските училишни синдикати најавија мирен марш како „порака за безбедни училишта“

Три училишни синдиката го повикаа во неделата пред Учителскиот дом во Загреб своето членство и јавноста да им се придружат во понеделник попладне во поворката со цел да се подобри безбедноста на училиштата