Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговорите со професорите и претставниците на универзитетите треба да започнат што е можно поскоро.

„Она што е важно е никој да не ја избегнува својата одговорност, добро да разбере дека разговорот лекува и дека до решенија може да се дојде само преку разговор“, рече Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм по протестите на студентите и граѓаните и блокадата на мостови во Нови Сад. Зборувајќи за изборот на новата српска влада по оставката на премиерот Милош Вучевиќ, Вучиќ оцени дека тоа мора да биде „српска влада“, или да се одржат нови избори.

„Не ни требаат влади наметнати однадвор и влади наметнати без избори и без волја на народот“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека „непоколебливо ќе ја заштити Србија од оние кои сакаат нејзино уништување“, без да прецизира на кого мисли.

Уривањето на бетонска настрешница на реновираната железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе, предизвика бран масовни протести низ Србија, изнесувајќи десетици илјади луѓе на улиците.

Во изминатите два месеца протестите ги водеа студентите кои блокираа десетици државни универзитети, а клучното барање беше надлежните кривично и политички да одговараат за несреќата.

По нападот на студентите пред канцелариите на владејачката Српска напредна странка во Нови Сад, српскиот премиер Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ поднесоа оставки.

globe

Слични новости

Србија ѝ одговори на Хрватска откако протера пет хрватски државјани

Србија ѝ одговори на Хрватска откако протера пет хрватски државјани

Српското Министерство за надворешни работи во четвртокот оцени дека е „несоодветно“ хрватските власти да ја обвинуваат Србија за протерување на хрватските државјани во согласност со „вообичаената меѓународна практика“

Вучевиќ за најавениот генерален штрајк во Србија: Утре ни треба мир, не ни треба ничија избрзана реакција

Вучевиќ за најавениот генерален штрајк во Србија: Утре ни треба мир, не ни треба ничија избрзана реакција

Мојата порака до граѓаните е да бидат мирни и трпеливи. Не ни треба избрзана или предизвикана реакција од никого. Не смееме да паѓаме на сценарио или да бидеме актери на сценарио напишано однадвор за да ја пролееме српската крв од српски раце. Дали некој ќе учествува на митингот или ќе протестира, тоа е негов избор, само барам да ги пуштат луѓето што сакаат да работар, рече српскиот премиер

Протест на земјоделците во централна Грција

Протест на земјоделците во централна Грција

Во неколку делови на централна Грција, грчките земјоделци од денеска започнуваат со протести и симболични блокади на улиците, со цел да ги истакнат нивните барања до Владата, а не е исклучена можноста во следниот период да им се приклучат и нивните колеги и од други области