Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговорите со професорите и претставниците на универзитетите треба да започнат што е можно поскоро.

„Она што е важно е никој да не ја избегнува својата одговорност, добро да разбере дека разговорот лекува и дека до решенија може да се дојде само преку разговор“, рече Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм по протестите на студентите и граѓаните и блокадата на мостови во Нови Сад. Зборувајќи за изборот на новата српска влада по оставката на премиерот Милош Вучевиќ, Вучиќ оцени дека тоа мора да биде „српска влада“, или да се одржат нови избори.

„Не ни требаат влади наметнати однадвор и влади наметнати без избори и без волја на народот“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека „непоколебливо ќе ја заштити Србија од оние кои сакаат нејзино уништување“, без да прецизира на кого мисли.

Уривањето на бетонска настрешница на реновираната железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе, предизвика бран масовни протести низ Србија, изнесувајќи десетици илјади луѓе на улиците.

Во изминатите два месеца протестите ги водеа студентите кои блокираа десетици државни универзитети, а клучното барање беше надлежните кривично и политички да одговараат за несреќата.

По нападот на студентите пред канцелариите на владејачката Српска напредна странка во Нови Сад, српскиот премиер Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ поднесоа оставки.

globe

Слични новости

Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад

Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад

Две големи протестни колони студенти, граѓани и средношколци се сретнаа на Бранков мост околу 13 часот, а потоа заедно тргнаа на прошетка низ улиците на Нов Белград.

Бројни полициски возила пред српскиот парламент, блокиран автопатот Нови Сад-Белград

Бројни полициски возила пред српскиот парламент, блокиран автопатот Нови Сад-Белград

Пред српската Скупштина (парламентот) во петокот од претпладнето има зголемено присуство на полицијата, и според белградски медиуми поставени се десетина патролни возила и едно полициско комбе