Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговорите со професорите и претставниците на универзитетите треба да започнат што е можно поскоро.
„Она што е важно е никој да не ја избегнува својата одговорност, добро да разбере дека разговорот лекува и дека до решенија може да се дојде само преку разговор“, рече Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм по протестите на студентите и граѓаните и блокадата на мостови во Нови Сад. Зборувајќи за изборот на новата српска влада по оставката на премиерот Милош Вучевиќ, Вучиќ оцени дека тоа мора да биде „српска влада“, или да се одржат нови избори.
„Не ни требаат влади наметнати однадвор и влади наметнати без избори и без волја на народот“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека „непоколебливо ќе ја заштити Србија од оние кои сакаат нејзино уништување“, без да прецизира на кого мисли.
Уривањето на бетонска настрешница на реновираната железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе, предизвика бран масовни протести низ Србија, изнесувајќи десетици илјади луѓе на улиците.
Во изминатите два месеца протестите ги водеа студентите кои блокираа десетици државни универзитети, а клучното барање беше надлежните кривично и политички да одговараат за несреќата.
По нападот на студентите пред канцелариите на владејачката Српска напредна странка во Нови Сад, српскиот премиер Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ поднесоа оставки.
Слични новости
Вучиќ: Итна реконструкција на владата, да бидат сменети над половина од министрите
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека бара „најитна и голема“ реконструкција на Владата на Србија и оти очекува да бидат сменети повеќе од половината од досегашните министри
Брнабиќ најави дека парламентот ќе расправа за гласање за доверба за неа и за владата
Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ изјави во понеделникот дека на дневен ред на собраниската седница закажана за среда, меѓу другото, ќе биде и довербата на владата, што претходно ја побара опозицијата
Најавен нов бојкот на трговските синџири во Хрватска, ама во поголем обем
Поради високите цени на продуктите, во петок 24. јануари, граѓаните низ Хрватска ги бојкотираа продавниците. Овој пат организаторите најавуваат уште поголем бојкот за петок, 31. јануари