Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговорите со професорите и претставниците на универзитетите треба да започнат што е можно поскоро.
„Она што е важно е никој да не ја избегнува својата одговорност, добро да разбере дека разговорот лекува и дека до решенија може да се дојде само преку разговор“, рече Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм по протестите на студентите и граѓаните и блокадата на мостови во Нови Сад. Зборувајќи за изборот на новата српска влада по оставката на премиерот Милош Вучевиќ, Вучиќ оцени дека тоа мора да биде „српска влада“, или да се одржат нови избори.
„Не ни требаат влади наметнати однадвор и влади наметнати без избори и без волја на народот“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека „непоколебливо ќе ја заштити Србија од оние кои сакаат нејзино уништување“, без да прецизира на кого мисли.
Уривањето на бетонска настрешница на реновираната железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе, предизвика бран масовни протести низ Србија, изнесувајќи десетици илјади луѓе на улиците.
Во изминатите два месеца протестите ги водеа студентите кои блокираа десетици државни универзитети, а клучното барање беше надлежните кривично и политички да одговараат за несреќата.
По нападот на студентите пред канцелариите на владејачката Српска напредна странка во Нови Сад, српскиот премиер Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ поднесоа оставки.
Слични новости
Оставка на српскиот премиер Вучевиќ: Политиката на која припаѓам мора да покаже највисок степен на одговорност
Српскиот премиер Милош Вучевиќ во вторник потврди дека ќе поднесе оставка, велејќи дека политиката на која ѝ припаѓа мора да покаже највисок степен на одговорност по протестите и конфликтите што се водат во Србија за речиси три месеца по несреќата на железничната станица во Нови Сад
Студентите во Нови Сад биле нападнати со безбол палки од група мажи, една девојка потешко повредена
Неколку часа откако претседателот на Србија Александар Вучиќ повика на смирување на тензиите во Србија, во Нови Сад група мажи со безбол палки ги нападнаа студентите што протестираа.
Заврши 24-часовната студентска блокада во Белград
Десетици илјади студенти и граѓани учествуваа во 24-часовната блокада на една од клучните сообраќајни клучки во Белград, која започна во понеделникот, а заврши во вторник во 10 часот