Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека тој не е Асад и дека нема да бега никаде. „Дури и да мислите дека сум Асад, па ќе побегнам некаде – НЕ СУМ“, објави Вучиќ доцна синоќа.

„Жив сум, цел живот живеам овде во Србија, благодарен сум на мојата Србија, ќе останам овде, ова е моето место каде ќе завршам. Ќе се борам за Србија и ќе му служам само на мојот, на српскиот народ и на сите други граѓани на Србија, никогаш на странците, никогаш на оние кои сакаат да ја поразат, понижат и уништат Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Слични новости
Курти ги добива косовските избори но недоволно за самостојна влада, според излезните анкети
Косовската владејачка партија Самоопределување (Vetevendosje – VV, предводена од премиерот Албин Курти, е на пат да победи на парламентарните избори, но не доволно за самостојно да формира влада
Ширум Србија со протести се одбележуваат 100 дена од трагедијата во Нови Сад
Илјадници српски граѓани, предводени од студенти, во неделата со протестни собири и блокади на патиштата, оддавајќи им почит на 15-те жртви, одбележуваат 100 дена од смртоносното уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад
На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам
Во текот на ноќта во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос не беа регистрирани силни земјотреси, со исклучок на еден од 4,1 степен, иако серијата на помали потреси продолжи, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово изрази умерен оптимизам дека ситуацијата не води кон најлошото сценарио