Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека тој не е Асад и дека нема да бега никаде. „Дури и да мислите дека сум Асад, па ќе побегнам некаде – НЕ СУМ“, објави Вучиќ доцна синоќа.

„Жив сум, цел живот живеам овде во Србија, благодарен сум на мојата Србија, ќе останам овде, ова е моето место каде ќе завршам. Ќе се борам за Србија и ќе му служам само на мојот, на српскиот народ и на сите други граѓани на Србија, никогаш на странците, никогаш на оние кои сакаат да ја поразат, понижат и уништат Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Слични новости
„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени
Новата бугарска влада соопшти дека одбива да преговара со Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во Европската унија, наведува бриселскиот портал Еурактив
Продолжува низата силни земјотреси во морето меѓу Санторини и Аморгос
Во поморскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос ноќта кон понеделникот беше регистрирана нова серија земјотреси над 4 степени, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтер, додека земјотресите продолжија и во текот на ноќта и рано утрово, меѓутоа со помал интензитет
Косово: Партијата на Курти води на изборите
Движењето Самоопределување (VV) на косовскиот премиер Албин Курти води на парламентарните избори со 37,5 отсто од гласовите, покажаа во неделата доцна вечерта објавените прелиминарни податоци