Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека тој не е Асад и дека нема да бега никаде. „Дури и да мислите дека сум Асад, па ќе побегнам некаде – НЕ СУМ“, објави Вучиќ доцна синоќа.

 

„Жив сум, цел живот живеам овде во Србија, благодарен сум на мојата Србија, ќе останам овде, ова е моето место каде ќе завршам. Ќе се борам за Србија и ќе му служам само на мојот, на српскиот народ и на сите други граѓани на Србија, никогаш на странците, никогаш на оние кои сакаат да ја поразат, понижат и уништат Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Вучиќ предупреди дека Србија е под притисок од различни страни и се обидуваат да ја соборат со сите можни хибридни средства. 

globe

Слични новости

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Новата бугарска влада соопшти дека одбива да преговара со Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во Европската унија, наведува бриселскиот портал Еурактив