Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека тој не е Асад и дека нема да бега никаде. „Дури и да мислите дека сум Асад, па ќе побегнам некаде – НЕ СУМ“, објави Вучиќ доцна синоќа.

„Жив сум, цел живот живеам овде во Србија, благодарен сум на мојата Србија, ќе останам овде, ова е моето место каде ќе завршам. Ќе се борам за Србија и ќе му служам само на мојот, на српскиот народ и на сите други граѓани на Србија, никогаш на странците, никогаш на оние кои сакаат да ја поразат, понижат и уништат Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Слични новости
Нов земјотрес со сила од 5,3 степени ги погоди Санторини и Аморгос
Според податоците на сеизмичките служби, ова е најсилниот потрес во серијата земјотреси што го погодија регионот на островите Киклади. Епицентарот на земјоитресот е забележан југозападно од Аморгос на длабочина од 17 километри, пишува весникот Катимерини.
Во Албанија откриено најголемото подземно термално езеро во светот
Тим чешки научници, во јужниот дел на Албанија, го открија најголемото подземно термално езеро во светот и го именувале „Нејронско Езеро“, по фондацијата „Нејрон“ што ја финансирала експедицијата.
За градоначалникот на Тирана, затворски а за сопругата куќен притвор
На барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (SPAK) на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој беше уапсен во понеделникот попладнето, му е изречена безбедносна мерка затворски притвор