Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека тој не е Асад и дека нема да бега никаде. „Дури и да мислите дека сум Асад, па ќе побегнам некаде – НЕ СУМ“, објави Вучиќ доцна синоќа.

„Жив сум, цел живот живеам овде во Србија, благодарен сум на мојата Србија, ќе останам овде, ова е моето место каде ќе завршам. Ќе се борам за Србија и ќе му служам само на мојот, на српскиот народ и на сите други граѓани на Србија, никогаш на странците, никогаш на оние кои сакаат да ја поразат, понижат и уништат Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Слични новости
Калас и Кос: Косово одржа мирни и конкурентни избори, но мора да ги спроведе обврските од договорите со Белград без одлагање и предуслови
Напредокот во нормализацијата на односите со Србија е единствениот начин Косово да постигне напредок на својот европски пат. Нема алтернатива за дијалогот со посредство од ЕУ, се наведува во пораката.
Продолжува серијата земјотреси во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос
Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо по 3 часот по локално време во близина на Санторини, а серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта
Во Хрватска нов бојкот на пекарниците и продавниците за пекарски производи
На нов бојкот во Хрватска повикува Платформата „Ало, инспекторе“, која со недели организира бојкот на продавниците, овојпат на пекарниците и продажбата на пекарски производи во продавниците