Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ најави дека неговата Српска напредна странка нема да учествува на претстојните претседателски избори, порачувајќи им на победниците на парламентарните избори сами да си најдат противкандидати.
„ Нека бидат сами, нека работат сами со себе, нека најдат два или три сателити кои со нив ќе трчаат на претседателските избори со по еден или два отсто“ – изјави Вучиќ на прес-конференција во седиштето на СНС.
Пораката дека новата власт треба сама да си најде „два или три сателити” за претседателската трка доаѓа во момент кога изборите за наследник на Вучиќ веќе се најавени. Претседателската функција остана празна откако Вучиќ на 27 септември поднесе оставка, по што должноста привремено ја презеде Ана Брнабиќ.
Слични новости
Студентите во Србија влегуваат во изборната трка
Студентското движење во Србија, кое речиси две години предводи антивладини протести и официјално ја поднесе својата изборна листа за предвремените парламентарни избори на 25 октомври.
ЦДУ победи на локалните избори во Долна Саксонија, АФД трета
На локалните избори одржани во неделата на кои право на глас имаа 6,3 милиони избирачи ЦДУ освои 27,2 насто од гласовите, СПД 24,6, додека АФД освои 15,9 насто од гласовите, пренесува денеска „Шпигел“.
Трамп: САД може да останат во Иран и да ја задржат нафтата како во Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека САД би можеле да останат во Иран и да ја „задржат нафтата“, како во случајот со договорите со Венецуела.


