Српскиот претседател Александар Вучиќ во неделата предложи мандатар за состав на идната српска влада, доверувајќи ја оваа задача на ендокринологот Ѓуро Мацут, професор на Медицинскиот факултет во Белград.
Мандатот на српската влада официјално заврши на 19 март, откако претставниците во српскиот парламент констатираа дека премиерот Милош Вучевиќ поднел оставка, што автоматски повлекува пад на целата влада.
Вучевиќ најави оставка среде студентските протести на 28 јануари утрото, откако неколку членови и симпатизери на Српската напредна партија (СНС), чиј претседател е Вучевиќ, нападнаа група студенти со бејзбол палки и ја скршија вилицата на една студентка претходната вечер во Нови Сад

Законскиот рок за избор на мандатот и на новата влада е 18 април, а доколку тоа не се случи, претседателот на Србија е должен да ја распушти Скупштината (парламентот) и да распише вонредни парламентарни избори кои треба да се одржат во рок од 45 до 60 дена, а тоа е почетокот на јуни.
Опозицијата, упорно се повикува на сомневањата дека изборите во декември 2023 година биле лажирани, инсистира на таканаречена преодна или експертска влада, што не е предвидено со српскиот устав, а којашто според нив во рок од една година би воспоставила услови за фер и демократски избори.
Српскиот претседател Вучиќ, пак, упорно инсистираше дека за таква влада нема основа бидејќи земјата не се наоѓа во вонредна или воена состојба, порачувајќи дека „додека е жив“ нема да се согласи со преодна влада и дека „можат само да го убијам“, бидејќи нема да дозволи „ѓубрињата“ да ја преземат власта без избори и да ја „уништат Србија“.
Изборот на Вучиќ за мандатар е неочекуван, бидејќи пред неколку дена се шпекулираше дека формирањето влада може да му се довери на непартиски човек за да се амортизира политичката криза и повеќемесечните антивладини протести. Протестите ги предводи студентското движење, барајќи политичка и кривична одговорност за трагедијата во Нови Сад кога 16 претежно млади загинаа при падот на настрешницата на 1 ноември минатата година.
Откако Вучиќ офговори на барањата на анонимните таканаречени студентски пленуми кои сепак продолжија со протостит, поддржувачите на владејачкото мнозинство ова студентско движење го нарекува „обоена револуција“ поврзано со странски служби и агентури.
Вучиќ смета дека новата влада ќе ги намали големите политички тензии и блокадата на општеството што економски ја ослабубаат земјата.
„Верувам дека професорот д-р Ѓуро Мацут има професионални и лични квалитети, посветеност и стручност за извршување на должностите на премиерот и ме убеди дека може да обезбеди избор на влада“, изјави вечерва Вучиќ на новинарите образложувајќи го својот предлог.
Истакна дека е убеден оти владата ќе биде избрана до 18 април, пред Велигден, посочувајќи дека ѝ претстојат големи задачи – решавање на регионалните прашања, прашањето за американските царини, да го забрза европскиот пат и да го врати нивото на директни странски инвестиции, кои од почетокот на годинава се за 700 милиони евра помалку од истиот период лани.
Мојата препорака до премиерот ќе биде да избере луѓе кои сакаат да се борат и да ја туркаат земјата напред, рече Вучиќ, нагласувајќи дека сака „Србија да биде една од трите најбрзо растечки економии во Европа“ и оваа година.
Новата влада, рече Вучиќ, мора да биде соодветна за парламентарното мнозинство, „а не за некои недемократски тела, толпи и улици“, рече Вучиќ, посочувајќи дека „така ќе биде“ додека тој е претседател на Србија.
Вучиќ потсети на неговите претходни пораки дека „нема да има преодна влада“, а тоа го гарантира и сега.
Во српскиот парламент мнозинството го има коалицијата предводена од Српската напредна партија, а претседател на парламентот е Ана Брнабиќ, претходно премиерка.
Во првите реакции за изборот на Вучиќ за мандатар, од слабиот опозициски корпус, беше оценето дека ова претставување е „целосно ирелевантно“ и дека кандидатот „ќе биде марионета на претседателот во автократски систем“. Партијата Српски центар изборот на новиот премиер го спореди со „лотарија поставена во селска кафана“, велејќи дека не е важно кој е премиер „ако Александар Вучиќ е газда“.

Слични новости
Судот ги укина ограничувањата за пристап до Белата куќа за агенцијата AP
Американски судија во вторникот ѝ нареди на Белата куќа на претседателот Доналд Трамп да ги укине ограничувањата за пристап наметнати на Associated Press (AP) поради одлуката на новинската агенција да продолжи да го користи името Мексикански залив во своето покривање
САД инсистираат на царините од 104 отсто за Кина
Соединетите држави објавија во вторникот дека царините од 104 отсто за кинескиот увоз ќе стапат на сила веднаш по полноќ, додека администрацијата на претседателот Доналд Трамп забрзано ги започна преговорите со другите трговски партнери погодени од американските царини
Каволи: САД би требало да го задржат военото присуство во Европа
Високиот командант на американските сили во Европа во вторникот изјави дека Соединетите Држави треба да одржат воено присуство на европскиот континент, откако Пентагон под претседателот Доналд Трамп почна да ја преиспитува својата глобална улога