Српскиот премиер во оставка Милош Вучевиќ изјави во средата дека е прашање на денови кога неговата оставка ќе биде констатирана во Скупштината и истакна дека тоа е „неповратен процес“. Според него, работите се јасни правно и политички и не е опција тој повторно да биде мандатар за формирање нова влада.

Вучевиќ, коментирајќи ги наводите во некои медиуми за неговата оставка, рече дека е доволно сериозен и одговорен човек и дека на 29 јануари се појавил пред српската јавност и најавил неотповиклива оставка.

„Тој процес е незапирлив. И после тоа, додека не се донесе одлука дали ќе добиеме нова влада или ќе има избори, јас ќе ја водам владата во технички мандат. Овде работите се многу јасни, правно и политички“, изјави Вучевиќ за телевизијата К1.

Тој изјави дека одлуката за одржување на седница на Националното собрание на која ќе биде констатирана неговата оставка ја носи претседателот на Собранието во договор со шефовите на пратеничките групи и дека за оставката нема да се одлучува на таа седница, туку само да се констатира.

globe

Слични новости

Хрватска : Граѓаните повикани да се изјаснат кои од трите трговски синџири сакаат да ги бојкотираат

Хрватска : Граѓаните повикани да се изјаснат кои од трите трговски синџири сакаат да ги бојкотираат

Организаторот на бојкотот на трговските ланци во Хрватска „Ало инспекторе“ објави анкета со повик до граѓаните да се изјаснат кои три трговски синџири ќе бидат цел на новиот седумдневен бојкот.

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Во вторникот, на барање на нивните колеги од Словенија, сараевската полиција спроведе рации со цел да ги приведе припадниците на организираниот криминал поврзани со убиството на Сатко Кекиќ, сведокот покајник