Вулканот Шивелуч на руското полуострово Камчатка еруптираше по втор пат во изминатите 24 часа и исфрли столб од пепел висок 8 километри, а облакот од пепел се прошири на радиус од 15 километри, соопштија официјалните власти.
За време на првата ерупција вулканот Шивелуч исфрли пепел на висина од седум километри, пренесе ТАСС.
Шивелуч е активен вулкан на Камчатка стар меѓу 60 и 70 000 години и се наоѓа на 450 километри од градот Петропавловск.
Прес службата за вонредни ситуации соопшти дека се очекува пепелот да падне во населените подрачја на четири општински окрузи на Камчатка.
Слични новости
Стручњаците бараат построги прописи за вештачка интелигенција за деца
Стручњаците повикаа да бидат усвоени построи прописи за играчките со вештачка интелигенција наменети за мали деца, откако беше спроведено...
Актерот Кирил Поп Христов кој почина вчера, ќе биде погребан во Еквадор
Актерот Кирил Поп Христов – Кили, кој почина вчера, ќе биде погребан во јужноамериканската држава Еквадор, каде живееше околу 12 години, информираше неговото семејство.
Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“
Продуцентите на серијата „Lowdown“ во кастот на втората сезона го додадоа Оскаровецот Томи Ли Џонс, кој ќе им се придружи на Итан Хоук и Бети Гилпин. Засега не се објавуваат детали за ликот на Томи Ли Џонс во серијата.


