Грчките пратеници претпладнево одново ќе гласаат за претседател на државата, откако во саботата, при првото гласање, ниту еден од четворицата кандидати не го доби потребното двотретински мнозинство, нешто што се очекува да се случи и на денешното второ гласање.

На првото гласање во саботата ниту еден од четворицата кандидати не доби најмалку 200 гласа од вкупно 300 пратеници, со што денеска ќе следи второ на кое повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство.

На првото гласање во саботата најмногу гласови од четворицата кандидати доби поранешниот претседател на парламентот од Нова Демократија Константин Тасулас 160. Кандидатите на СИРИЗА Лука Кацели и на ПАСОК Тасос Јаницис добија 40 , односно 34 гласови.

Според грчкиот Устав во првите три гласања за да биде избран претседател на републиката е потребно двотретинско мнозинство.

Доколку ниту еден од кандидатите не добие двотретинско мнозинство, на четвртото глсање е доволно просто мнозинство од 151 глас, кога се очекува Тасулас да биде избран за нов претседател на Грција.

Слични новости

Во Хрватска нов бојкот на продавниците, oд еден ден, се прошири на седум

Во Хрватска нов бојкот на продавниците, oд еден ден, се прошири на седум

Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспектор“ која започна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од денеска да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски ланци во период од седум дена.

БиХ: Судењето на Додик продолжува по двомесечна пауза, тој повторно се жали

БиХ: Судењето на Додик продолжува по двомесечна пауза, тој повторно се жали

Судењето на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, продолжи во средата во Судот на Босна и Херцеговина по речиси два месеца пауза, а судијката Сена Узуновиќ го одби неговото барање за почеток на процесот одново бидејќи претходното рочиште се одржа на 5-ти декември минатата година