Грчките пратеници претпладнево одново ќе гласаат за претседател на државата, откако во саботата, при првото гласање, ниту еден од четворицата кандидати не го доби потребното двотретински мнозинство, нешто што се очекува да се случи и на денешното второ гласање.
На првото гласање во саботата ниту еден од четворицата кандидати не доби најмалку 200 гласа од вкупно 300 пратеници, со што денеска ќе следи второ на кое повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство.
На првото гласање во саботата најмногу гласови од четворицата кандидати доби поранешниот претседател на парламентот од Нова Демократија Константин Тасулас 160. Кандидатите на СИРИЗА Лука Кацели и на ПАСОК Тасос Јаницис добија 40 , односно 34 гласови.
Според грчкиот Устав во првите три гласања за да биде избран претседател на републиката е потребно двотретинско мнозинство.
Доколку ниту еден од кандидатите не добие двотретинско мнозинство, на четвртото глсање е доволно просто мнозинство од 151 глас, кога се очекува Тасулас да биде избран за нов претседател на Грција.
Слични новости
Трамп предвреме го „ослободи од должност“ амбасадорот на САД во Софија
Амбасадорот Мертен поднесе оставка, која беше веднаш прифатена од американскиот претседател Доналд Трамп
Стерјовски: На македонското малцинство во Албанија не се гледа како на мост за поврзување со матичната земја
На малцинствата не гледаат како мост на поврзување со нашите матични земји, каде што можеме да дадеме придонес, рече меѓу другото Васил Стерјовски, во гостување во емисијата „60 минути” на СКАН телевизија
И јас сакам да ја дознаам вистината, вели Мицотакис во врска со железничката трагедија кај Темпи
Грчкиот премиер зборуваше за евентуална кривична одговорност на грчката железница, во случај да се докаже дека товарниот воз пренесувал нешто сомнително.