Грчките пратеници претпладнево одново ќе гласаат за претседател на државата, откако во саботата, при првото гласање, ниту еден од четворицата кандидати не го доби потребното двотретински мнозинство, нешто што се очекува да се случи и на денешното второ гласање.

На првото гласање во саботата ниту еден од четворицата кандидати не доби најмалку 200 гласа од вкупно 300 пратеници, со што денеска ќе следи второ на кое повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство.

На првото гласање во саботата најмногу гласови од четворицата кандидати доби поранешниот претседател на парламентот од Нова Демократија Константин Тасулас 160. Кандидатите на СИРИЗА Лука Кацели и на ПАСОК Тасос Јаницис добија 40 , односно 34 гласови.

Според грчкиот Устав во првите три гласања за да биде избран претседател на републиката е потребно двотретинско мнозинство.

Доколку ниту еден од кандидатите не добие двотретинско мнозинство, на четвртото глсање е доволно просто мнозинство од 151 глас, кога се очекува Тасулас да биде избран за нов претседател на Грција.

Слични новости

Бугарско-турската граница заеднички ќе ја обезбедуваат четири држави

Бугарско-турската граница заеднички ќе ја обезбедуваат четири држави

Во Свиленград денеска ќе се одржи официјалната церемонија со која ќе започнат активностите на заедничкиот офицерски контингент од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија за чување на бугарско-турската граница, соопшти бугарското МВР

Турција е подготвена да прифати „некои“ Палестинци ослободени од Израел

Турција е подготвена да прифати „некои“ Палестинци ослободени од Израел

Турција е подготвена да прифати „некои Палестинци“ ослободени од Израел според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, изјави во неделата во Доха турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан