И покрај помпезните најави и силниот маркетинг, зомби-хоророт на Ниа ДаКоста „28 години подоцна: Храмот на коските“ потфрли на Бокс офисот и оствари заработка од само 17,8 милиони долари добивка за продолжениот викенд.
Претходниот филмод франшизата, која продолжи да се снима по долгогодишните судски битки околу правата врз филмот кои на крајот ги одби Сони, на премиерниот викенд во јуни 2025 заработи 30 милиони долари, а оствари глобална заработка од 150 милиони долари.
Сони најави дека во третото продолжение на франшизата ќе се врати актерот Килиан Марфи кој глумеше во оригиналниот филм од 2002-ра година, заедно со сценаристот Алекс Гарланд и режисерот Дени Бојл.
Слични новости
Гитарскиот прозиводител Гибсон најави сензационална соработка со Кит Ричардс
На светскиот пазар ќе се појават само 50 примероци од Гибсонот 1960 со потпис на Кит Ричардс.
Прва медицинска евакуација на НАСА – поради астронаут на кој му е потребна лекарска нега
Астронаут на кој му е потребна лекарска нега ја напушти Меѓународната вселенска станица со тројца членови на екипажот, во првата медицинска евакуација на НАСА.
