Очекувано, стопроцентна е селекцијата на Англија, откако ја совлада Летонија со 3:0 (1:0) како домаќин во групата Л. Головите ги постигнаа Џејмс (38), Кејн (68) и Езе (75). Во таа група и Албанија ја победи Андора со 3:0. Англија е на врвот во групата со шест бодови, Албанија и Летонија имаат по три, додека Србија која сѐ уште не ги започнала квалификациите и Андора немаат бодови.

И фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го задржа стопроцентниот учинокот по второто коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада, откако во Зеница го совлада Кипар со 2:1 (1:1).

 

Демировиќ во 22. минута ја доведе БиХ во водство, Питас во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме израмни на 1:1, а Хајрадиновиќ во 57. минута погоди за конечните 2:1.

Со оваа победа избраниците на Сергеј Барбарез го подобрија успехот на гостински терен против Романија пред три дена и водат во групата Х со шест бода. Романија која како гостин го совлада слабиот Сан Марино со 5:1 и Кипар имаат по три бода, додека Австрија која сѐ уште нема одиграно ниту еден натпревар и Сан Марино се без бодови.

Полска е на врвот од групата Г со очекуваната победа од 2:0 (1:0) на домашен терен против Малта, а двата гола ги постигна Швидерски (27, 51). Полска има шест бода, два повеќе од второпласираната Финска, која ремизираше 1:1 на гостувањето кај Литванија претходно во понеделникот. Тоа беше прв бод за Литванија, а без бодови се Холандија, чии први квалификациски натпревари ги очекуваат во јуни, и Малта.

globe

Слични новости

Оклахома Сити ја забележа 60-та победа

Оклахома Сити ја забележа 60-та победа

Кошркарите на Њујорк Никс синоќа дома ги совладаа Далас Маверикс со 128:113, а Џош Харт и Карл-Ентони Таунс станаа првите соиграчи кои впишаа „трипл-дабл“ во ист натпревар воисторијата на њујоршката франшиза

Ѓоковиќ убедливо го победи Музети за пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами

Ѓоковиќ убедливо го победи Музети за пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами

Мечот започна со водство на Музети од 2:0 во гемови, но потоа Ѓоковиќ успеа да освои шест гема по ред. Во вториот сет, со сигурна игра Ѓоковиќ рутински го победи Музети, кој немаше противодговор на квалитетната игра на Ѓоковиќ.