Болница во Токио во понеделникот стана втората медицинска установа во Јапонија која нуди „кошничка за бебиња“, овозможувајќи им на родителите безбедно и анонимно да ги остават своите новороденчиња за кои не можат да се грижат, се вели во соопштението на болницата.

Доенчињата под еден месец може да се остават во кошницата случна на лулка секојдневно 24 часа на ден. Поставена е во скриена просторија на болницата во Токио, управувана од Христијанската фондација Саникукаи.

 

„Кошницата за бебиња“ е „итна и последна мерка“ која ќе спаси детски животи, изјави во понеделникот на прес-конференција директорот на болницата Саникукаи, Хитоши Като.

Сè уште има „мајки и бебиња кои немаат каде да одат“, се вели во соопштението на болницата, истакнувајќи дека очајните жени „ги оставаат своите новороденчиња во шкафчиња за багаж, во паркови или на плажите“.

Но, оваа практика, која се спроведува во повеќе земји во светот, е критикувана од многумина бидејќи го нарушува правото на детето да ги познава родителите, а либералите велат дека може да се смета и за заговарање на мерки против абортусот.

Пред Саникукаи, сличен систем беше воведен од Католичката болница Џикеи во југозападниот јапонски регион Кумамото во 2007 година. Од мај 2024 година, според изворот, 179 новороденчиња и мали деца биле оставени во „бебешката кошница“ на болницата Џикеи од нејзиното воведување.

Болницата, исто така, соопшти дека властите ќе се обидат да стапат во контакт со мајката доколку ја видат во близина на болницата откако ќе го остави бебето.

globe

Слични новости

Затворена проекција на „Големото храбро прекрасно патување“ со Колин Фарел и Маргот Роби

Затворена проекција на „Големото храбро прекрасно патување“ со Колин Фарел и Маргот Роби

Филмот „Големото храбро прекрасно патување“ на јужнокорејскиот режисер Когонада имаше затворена проекција во Лас Вегас. Когонада на проекцијата емитуваше ексклузивни снимки од филмот чија премиера е закажана за 19 септември.