Втората сезона на трилер серијата „Ноќмиот агент“ на Нетфликс е најгледано шоу на стриминг платформите, покажува истражувањето на гледаноста на агенцијата Нилсен.
Во последната недела од мерењата серијата постигна гледаност од 3,11 милијарди минути и е убедливо најгледана серија на стриминг платформите. „Ноќниот агент“ втора сезона, ја надмина по гледаност и првата сезона на серијата.

Серијата „Северанс“ на Ејпл ТВ е на второто место со 622 милиони минути гледаност, што е извесно подобрување од првата недела кога почна да се емитува серијата. Гледаноста на „Северанс“ е најдобра гледаност што ја постигна Ејпл ТВ по серијата „Тед Ласо“ од 2023.
Минатонеделниот број еден на листата филмот „Назад во акција“ на Нетфликс падна на третото место.
Мерењата на Нилсен не вклучуваат минути кои се изгледани на компјутери и мобилни телефони. Исто така, мерењата важат само за територијата на САД, а не и во другите земји.
Слични новости
Премиера на серијата „Zero Day“ на Нетфликс
На црвениот килим се појавија големите ѕвезди Роберт Де Ниро и Анџела Басет кои ги толкуваат главните улоги во новата трилер серија на Нетфликс.
Одложена премиерата на Спајдермен 4, поради Одисеја
Премиерата на филмот Спајдермен 4 со Том Холанд, е одложена за две недели по премиерата на филмот Одисеја на Кристофер Нолан во кој исто така настапува Том Холанд.
Марти Скорцесе подготвува нов мафијашки филм во стилот на Дипартед
Легендарниот режисер Марти Скорцесе собра импресивна актерска екипа за неговиот нов мафијашки филм. Во новиот филм на Скорцесе ќе играат големите холивудски ѕвезди Леонардо ДиКаприо, Двејн Џонсон и Емили Блант.