Белорусинката Арина Сабаленка првпат во нејзината кариера е прогласена за играчка на годината на ВТА, откако освои две Грен-слем титули и го обезбеди првото место во светот на крајот од годината, објави во понеделникот кровнот телото за женскиот тенис.

Откако успешно ја одбрани титулата на Австралија опен во јануари, Сабаленка го освои УС Опен во септември, нејзина трета Грен-слем титула во кариерата, а еден месец подоцна ја прескокна полската тенисерка Ига Швјонтек на врвот на ВТА рангирањето.

Белорусинката ги освои и турнирите во Синсинати и Вухан за да ја заврши 2024 година со четири титули.

Златните олимписки медалистки од Париз, Сара Ерани и Јасмин Паолини беа прогласени за најдобар женски пар на годината, додека Американката Ема Наваро беше прогласена за најподобрена играчка во сезоната.

Рангирана на 38-то место на крајот на 2023 година, Наваро се проби во топ 10 во септември откако ја освои својата прва титула во Хобарт и шест полуфиналиња во текот на сезоната.

Новозеланѓанката Лулу Сан ја освои наградата за најдобар нов играч откако се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон како квалификант, помагајќи ѝ да се искачи на 40. место на светската ВТА ранг листа откако беше рангирана надвор од првите 200 во јануари.

Поранешната светска тенисерка број два, Шпанката Паула Бадоса, која предвреме ја заврши сезоната 2023 поради проблеми со грбот, беше прогласена за „камбек“ на годината. По враќањето на турнирите оваа сезона, Шпанката ја освои титулата во Вашингтон и стигна до четвртфиналето на УС Опен, завршувајќи ја годината на 12. место.

globe

Слични новости