Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева (ВТА-14.) стана најмладата полуфиналистка во историјата на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, откако во четвртфиналниот меч ја совлада полската ривалка Ига Швјонтек (ВТА-2.) со убедливи 6:3, 6:3.

Андреева во петок за место во финалето ќе се бори против Казахстанката Елена Рибакина (ВТА-7.), која ја победи Американката Софија Кенин (ВТА-56.) со 6-2, 7-6(2).
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Данката Клара Таусон (ВТА-38.) и чешката тенисерка Каролина Мучова (ВТА-17.). Таусон во четвртокот ја победи Чехинката Линда Носкова (ВТА-35.) со 7:6(4), 6:4, додека Мучова ја победи Романката Сорана Цирстеа (ВТА -89.) со 6:2, 7:5.
Слични новости
Мадридските клубови Реал и Атлетико во осмина финалето на Лигата на шампиони, а ПСЖ- Против Ливерпул
Во второто дерби ќе играат Ливерпул и Париз Сен Жермен. Ова е резултат на ждрепката одржана денеска во Нион.
Манчестер Јунајтед ќе игра против Реал Сосиедад во осмина финалето на Лига Европа
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе играат против Реал Сосиедад во дербито на осмина финалето на Лига Европа, додека Рома ќе игра против Атлетик Билбао.
НБА: Пресврт на Бакс против Клиперс, Нагетс со Јокиќ до деветтата победа со ред
Во својот прв настап по „Ол Стар“ викендот во НБА, Клиперс имаа поголема предност во текот на целиот натпревар, но во последните 12 минути Бакс беа подобри со 36:21, што беше доволно за пресврт на натпреварот