Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева (ВТА-14.) и 22-годишната Данка Клара Таусон (ВТА-38.) ќе се борат за победничкиот трофеј на ВТА 1000 турнирот во Дубаи во сабота.

Прво Андреева ја победи шестата носителка Елена Рибакина со 6-4, 4-6, 6-3 и стана најмладиот финалист во историјата на турнирите ВТА 1000, откако беа вклучени во календарот на ВТА турнејата во 2009 година, иако казахстанската претставничка водеше со 3-1 на почетокот на одлучувачкиот сет.

 

Во второто полуфинале, Таусон ја победи Чехината Каролина Мухова (ВТА-17.) со 6-4, 6-7 (4), 6-3 и со тоа стигна до петтото финале во кариерата и второто сезонава, во кое веќе ја освои титулата во Окленд. Во претходните четири финалиња, Таусон трипати излегуваше како победник, а единствената што успеа да ја совлада во меч за трофеј беше Дона Векиќ во Курмајер 2021 година.

Мира Андреева стигна до своето трето финале, каде ќе се обиде да ја освои втората титула, откако дебитираше минатата година во Јаши, Романија.

globe

Слични новости

Ла Лига: Олмо и Феран Торес за три бода за Барселона

Ла Лига: Олмо и Феран Торес за три бода за Барселона

Фудбалерите на Барселона многу потешко од очекуањата го совладаа Лас Палмас со 2:0 на гостински терен во последниот саботен натпревар во рамките на25. коло од шпанската Ла Лига, враќајќи се на врвот на табелата

Интер на врвот во Серија А

Интер на врвот во Серија А

Фудбалерите на Интер барем една ноќ сигурено ќе минат на врвот на табелата во италијанскиот шампионат откако како домаќини ја совладаа Џенова со минимални 1:0 (0:0) во последниот натпревар од саботната програма од 26.коло