Врховниот суд на САД во петокот одби да го спаси TikTok од законот со кој се бара од кинеската компанија „ByteDance“ да ја продаде популарната апликација за размена на куси видеа што ја користат речиси половина од Американците или во недела ќе се соочи со забрана во земјата поради загриженост за националната безбедност.

Судиите едногласно одлучија дека законот, кој беше усвоен минатата година со огромно мнозинство гласови од двете партии и потпишан од демократскиот претседател Џо Бајден, не го нарушува Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја штити слободата на говорот. Така, тие ја потврдија одлуката на понискиот суд, која исто така го потврди законот откако беше оспорен од TikTok, „ByteDance“ и некои корисници на апликацијата.

„Нема сомнеж дека за повеќе од 170 милиони Американци, TikTok нуди карактеристичен и широк медиум на изразување, средство за ангажирање и извор на заедништво. Сепак, Конгресот утврди дека продажбата е неопходна за да се одговори на добро заснованите загрижености за националната безбедност во врска со практиките на собирање податоци на TikTok и односот со странскиот конкурент“, се наведува во едногласната одлика на судот.

Судот додава дека „заклучува дека оспорените услови не ги прекршиле правата кон Првиот амандман кои жалителот ги има“.

Врховниот суд постапи брзо во оваа постапка, одржувајќи рочишта на 10-тијануари, само девет дена пред истекот на рокот утврден со закон.

Случајот ги спротивстави правата на слободата на говорот и загриженоста за националната безбедност во ерата на социјалните медиуми.

TikTok е една од најистакнатите социјални платформи во САД, која ја користат околу 170 милиони Американци, или околу половина од вкупното население, вклучително и многу млади луѓе.Моќниот алгоритам на TikTok, неговата главна карактеристика, покажува кратки видеа на поединечни корисници врз основа на тоа што им се допаѓа.

Платформата нуди широка колекција на видеа направени од самите корисници, кои често се помалку од една минута и може да се гледаат преку мобилна апликација или онлајн.

Кина и САД се економски и геополитички ривали, а фактот дека TikTok е во кинеска сопственост ги загрижува американските власти со години. Борбата против TikTok се одвива во последните денови од претседателствувањето на Бајден, кого во понеделник ќе го наследи републиканецот Доналд Трамп и во време на ескалација на трговските тензии меѓу двете најголеми светски економии.

Администрацијата на Бајден рече дека законот се однесува на фактот дека апликацијата е управувана од странски противник, а не слободата на говорот, и дека TikTok би можел да продолжи да работи како порано доколку биде ослободен од кинеската контрола.

За време на сослушувањата, претставничката на Министерството за правда Елизабет Прелогар рече дека кинеската контрола врз TikTok претставува „сериозна закана“ за националната безбедност на САД и дека Кина се обидува да собере огромни количества чувствителни податоци за Американците за прикриено манипулирање со јавното мислење.

Прелогар тврдеше и дека Кина ги принудува компаниите како „ByteDance“ тајно да предаваат податоци на корисниците на социјалните мрежи и да спроведуваат директиви од кинеската влада.

Огромната база податоци на TikTok, додаде Прелогар, претставува моќна алатка што кинеската влада може да ја користи за вознемирување, регрутирање и шпионажа, и дека Кина „може да го користи како оружје за да им наштети на САД“.

Трамп побара од Врховниот суд во декември да стави мораториум на законот за да и даде на неговата администрација „можност да бара политичко решение за прашањата за кои станува збор во случајот“.

Но, иако Трамп вети дека ќе го „спаси“ TikTok, многу од неговите републикански сојузници ја поддржаа забраната.

„TikTokпланира да ја исклучи својата апликација во Соединетите држави во недела, освен ако не дојде до одложување во последен момент“, изјавија за Reuters во средата луѓе запознаени со ова прашање.

Белата куќа во петокот објави дека TikTok треба да остане достапен за Американците, но со оглед на времето на пресудата на Врховниот суд, одлуката ќе зависи од администрацијата на Трамп.

„TikTok треба да остане достапен за Американците, но едноставно под американска сопственост или друга сопственост што ги почитува грижите за националната безбедност идентификувани од Конгресот при изготвувањето на овој закон“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во петокот рече дека одлуката за иднината на апликацијата TikTok ќе зависи од него, но тој не даде никакви детали за чекорите што ќе ги преземе.

globe

Слични новости

Украина подготвена за разговори за крај на војната, но со вклученост на САД и Европа

Украина подготвена за разговори за крај на војната, но со вклученост на САД и Европа

Зеленски, кој долго време бараше сите руски војници да ја напуштат територијата Украина како предуслов, последните седмици зборуваше за потребата од разговори за да се доведе конфликтот до „праведен“ крај

Предлогот на Трамп за преземање на Газа предизвикува голема загриженост на Блискиот исток

Предлогот на Трамп за преземање на Газа предизвикува голема загриженост на Блискиот исток

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп неговата земја да ја преземе воено разурнатата Газа, да ја развие економски и да ја претвори во „блискоисточна ривиера“ по преселувањето на Палестинците во други земји, допира до едно од најчувствителните прашања во арапско-израелскиот конфликт