Времето денеска претпладне ќе биде претежно сончево, додека попладне ќе има постепено зголемување на облачноста. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи, главно од снег, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од минус 12 до минус 2 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 0 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе изнесува околу минус 6 степени, а дневната ќе достигне до 6 степени.
Во наредните три дена се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од снег.
Слични новости
Бројот на заболени од грип се намалува
Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.
Одложен состанокот за камионџиите во Брисел
Одложен е состанокот во Брисел на кој камионџиите во регионот и ЕК требаше да изнајдат начин за решавање на проблемите на професионалните возачи, откако стапија во сила новите правила за престој во Шенген зоната.
Влен смета дека апсењето на Груби ќе му зададе фатален удар на ДУИ
„Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв затоа што не знаат што сè е подготвен да прозбори“, наведуваат во соопштението од Вреди.


