Вредноста на биткоинот на најголемата берза на криптовалути Бајненс падна под 60 000 евра и сега изнесува 59.378 евра. Индексот на страв и алчност за биткоин се наоѓа на нивото 11 што е многу високо ниво на страв и незивесност.

Криптовалутите се во постојан пад откако бикоинот пред неколку месеци успеа да достигне вредност и 125 000 евра, а сега неговата вредност на криптоберзите е двојно помала.

Најголем пад забележа криптовалутата итириум, а пад на вредност забележа и бајненс коинот.

Институционалните инвеститори во криптовалутите стануваат се попретпазливи поради геополитичките незивесности и притисокот врз ликвидноста.

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.