Летовите на лондонски Хитроу продолжија доцна во петокот, откако пожарот го остави еден од најпрометните аеродром во светот без струја и го затвори, предизвикувајќи хаос во глобалниот воздушен сообраќај.

Поради пожарот што избувна во петокот вечерта околу полноќ по средноевропско време, авионите беа пренасочени кон други аеродроми низ Велика Британија и Европа, а патниците на долгите летови едноставно се вратија на своите појдовни дестинации.

Управата на Хитроу најави дека бројот на летови во петокот до крајот на денот ќе биде ограничен и дека главно ќе се фокусира на преместување на авиони и внесување авиони во Лондон.

„Очекуваме да се вратиме со работа утре наутро“, како и обично. Би сакал да им се извинам на многуте патници чии патувања се нарушени, многу ни е жал за непријатностите“, изјави менаџерот на аеродромот Томас Волдбај.

Полицијата соопшти дека нема индиции дека станува збор за кривично дело и дека истрагата ја воделе офицери за борба против тероризмот со оглед на нивните способности и фактот дека е вклучена критична инфраструктура.

Волдбај рече дека резервните системи и процедури функционираат како што треба.

„Ова (напојувањето со електрична енергија) е малку слаба точка. Но, секако има непредвидени ситуации од одредени размери од кои не можеме да се заштитиме 100 проценти, а ова е една од нив“, им рече тој на новинарите пред аеродромот.

На прашањето кој треба да плати за предизвиканата штета, тој рече дека има „процедури“, но додаде дека „немаме (конкретни) обврски за инциденти како овој“.

Британската министерка за транспорт Хајди Александер рече дека настанот бил надвор од контрола на аеродромот.

„Тие ги спроведоа своите планови за отпорност многу брзо и тесно соработуваа со сите служби за итни случаи и авиокомпании. Во моментов нема индиции за криминални активности, но истрагата се води со отворен ум“, им рече таа на новинарите.

Стручњаците се шокирани од размерите на инцидентот во глобалниот воздухопловен сообраќај, кој се нема случено од облакот на исландската пепел во 2010 година, и се обидуваат да ги проценат трошоците и степенот на последиците предизвикани од пожарот на трафостаницата што го остави аеродромот без струја и резервно напојување.

Аеродромот Хитроу oбработувва 1.300 летови дневно, а според Eurocontrol неговото затворање со денови ќе има глобални последици за воздушниот сообраќај.

Цената на инцидентот може да биде околу 20 милиони фунти дневно, смета Пол Чарлс, консултант за патувања, и нема гаранција дека аеродромот ќе биде отворен за сообраќај во сабота со оглед на ранливоста на неговиот електроенергетски систем.

Според европските и британските правила, патниците имаат право на надомест до 600 евра од авиокомпаниите за доцнење на летот од три часа или нивно откажување, како и платено сместување во хотел и храна, но само доколку е одговорна авиокомпанијата. Во овој случај, авиокомпаниите не се одговорни.

globe

Слични новости

Израел ги интензивира нападите врз Газа за да го принуди Хамас да ги ослободи заложниците

Израел ги интензивира нападите врз Газа за да го принуди Хамас да ги ослободи заложниците

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во петокот дека израелската војска ги интензивира нападите врз Појасот Газа од воздух, копно и море за да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи преостанатите заложници

Аеродромот Хитроу затворен поради пожарот во близината

Аеродромот Хитроу затворен поради пожарот во близината

Британскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен цел ден во петок, откако големиот пожар во блиската електрична трафостаница го прекина снабдувањето со електрична енергија, што го наруши распоредот на летови ширум светот

Макрон убеден дека ЕУ повторно ќе мора да прибегне кон заедничко задолжување

Макрон убеден дека ЕУ повторно ќе мора да прибегне кон заедничко задолжување

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во четвртокот вечерта дека е убеден дека Европската унија ќе мора повторно да прибегне кон заедничко задолжување за да го врати претходниот долг и за поголеми трошоци за одбраната