Во Лос Анџелес во неделата навечер беа доделени Греми наградите, а апсолутен победник на вечерта е Бед Бани со албумот „Debi Tirar Mas fotos“, кој беше прогласен и за албум на годината. Ова е за прв пат албум на шпански јазик да ја добие Греми наградата во најпрестижната категорија.
Бед Бани беше награден и за најдобар албум од урбаната музика, а беше номиниран и во категориите „песна на годината“ и „рекорд на годината“.
За песна на годината Греми наградата ја доби Били Ајлиш за „Wildflower“. Пејачката во говорот по освојувањето на наградата силно ја критикуваше политиката на Трамп против имигрантите и порача дека „никој не е илегален на украдена земја“, нагласувајќи ја важноста на јавно спротивставување, борба и протест.
На церемонијата успех остварија и Кендрик Ламарчиј албум “GNX” беше прогласен за најдобар албум во рап категоријата, како и Лејди гага чиј албум “Mayhem”ја освои наградата за најдобар поп вокален албум.
Греми наградата се доделува од 1959 и важи за најпрестижното признание во музичката индустрија.
Слични новости
Стефано Габана веќе не е претседател на модната куќа „Долче и Габана“
Италијанскиот дизајнер Стефано Габана се повлече од позицијата претседател на модната куќа „Долче и Габана“ што ја осниваше заедно со Доменико Долче, соопшти компанијата.
Крај на бесплатаната ера на вештачката интелигенција
Влегуваме во крајот на „златното доба“ на вештачката интелигенција, период во кој напредните AI алатки беа достапни по ниска цена или дури бесплатно.
Прославена 50 годишнината од „Чарлиевите ангели“
За време на Плејфестот во Лос Анџелес беше одбележана 50 годишнината од првата епизода на „Чарлиевите ангели“ серија која се емитуваше на Си Би Ес пет сезони со Кејт Џексон, Џеклин Смит и Шерил Лед.


