Во Лос Анџелес во неделата навечер беа доделени Греми наградите, а апсолутен победник на вечерта е Бед Бани со албумот „Debi Tirar Mas fotos“, кој беше прогласен и за албум на годината. Ова е за прв пат албум на шпански јазик да ја добие Греми наградата во најпрестижната категорија.
Бед Бани беше награден и за најдобар албум од урбаната музика, а беше номиниран и во категориите „песна на годината“ и „рекорд на годината“.
За песна на годината Греми наградата ја доби Били Ајлиш за „Wildflower“. Пејачката во говорот по освојувањето на наградата силно ја критикуваше политиката на Трамп против имигрантите и порача дека „никој не е илегален на украдена земја“, нагласувајќи ја важноста на јавно спротивставување, борба и протест.
На церемонијата успех остварија и Кендрик Ламарчиј албум “GNX” беше прогласен за најдобар албум во рап категоријата, како и Лејди гага чиј албум “Mayhem”ја освои наградата за најдобар поп вокален албум.
Греми наградата се доделува од 1959 и важи за најпрестижното признание во музичката индустрија.
Слични новости
Вратена главата на фараонот Тутмес на Египет
Холандија и ја врати на Египет камената скулптура стара 3.500 години која илегално беше изнесена од Египет за време на Арапската пролет во 2011 и беше откриена на холандскиот саем на уметноста во 2022.
Кралскиот персонал масовно одбива да му служи на поранешниот принц Ендру
Вработените во кралскиот имот во Норфолк биле информирани дека можат да одбијат да му служат на Ендру ако тоа им создава непријатност, и досега, тврдат тие, е формиран „долг список“ на персонал кој одбива да работи за него.
Мјузиклот „Мама миа“ ја имаше последната изведба на Бродвеј
Во последната недела од прикажувањето мјузиклот заработи солидни 1,8 милиони долари, со исполнетост на капацитетот на театарот на Бродвеј од 99 проценти.