Во Лос Анџелес во неделата навечер беа доделени Греми наградите, а апсолутен победник на вечерта е Бед Бани со албумот „Debi Tirar Mas fotos“, кој беше прогласен и за албум на годината. Ова е за прв пат албум на шпански јазик да ја добие Греми наградата во најпрестижната категорија.
Бед Бани беше награден и за најдобар албум од урбаната музика, а беше номиниран и во категориите „песна на годината“ и „рекорд на годината“.
За песна на годината Греми наградата ја доби Били Ајлиш за „Wildflower“. Пејачката во говорот по освојувањето на наградата силно ја критикуваше политиката на Трамп против имигрантите и порача дека „никој не е илегален на украдена земја“, нагласувајќи ја важноста на јавно спротивставување, борба и протест.
На церемонијата успех остварија и Кендрик Ламарчиј албум “GNX” беше прогласен за најдобар албум во рап категоријата, како и Лејди гага чиј албум “Mayhem”ја освои наградата за најдобар поп вокален албум.
Греми наградата се доделува од 1959 и важи за најпрестижното признание во музичката индустрија.
Слични новости
Чак Норис кој почина во петокот беше главниот Мем на социјалните мрежи во 21 век
Чак Норис е мемот на првите декади од 21 век, и него го знаеја дури и оние генерации што никогаш не ги гледале филмовите и сериите со популарниот актер.
Објавен трејлерот за третиот дел на „Дина“ на Денис Вилнев
Ако првиот дел беше контемпација за момче кое го истражува новиот свет, а вториот дел беше воен филм, третиот дел е трилер. Филмот е исполнет со акција и тензија, најави режисерот Денис Вилнев.
„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот
Анимираниот филм „Хоперс“ и натаму е убедливо прв на американскиот Бокс Офис, иако забележа голем пад на гледаноста во втората недела од прикажувањето во кино салите.


