Во Лос Анџелес во неделата навечер беа доделени Греми наградите, а апсолутен победник на вечерта е Бед Бани со албумот „Debi Tirar Mas fotos“, кој беше прогласен и за албум на годината. Ова е за прв пат албум на шпански јазик да ја добие Греми наградата во најпрестижната категорија.
Бед Бани беше награден и за најдобар албум од урбаната музика, а беше номиниран и во категориите „песна на годината“ и „рекорд на годината“.
За песна на годината Греми наградата ја доби Били Ајлиш за „Wildflower“. Пејачката во говорот по освојувањето на наградата силно ја критикуваше политиката на Трамп против имигрантите и порача дека „никој не е илегален на украдена земја“, нагласувајќи ја важноста на јавно спротивставување, борба и протест.
На церемонијата успех остварија и Кендрик Ламарчиј албум “GNX” беше прогласен за најдобар албум во рап категоријата, како и Лејди гага чиј албум “Mayhem”ја освои наградата за најдобар поп вокален албум.
Греми наградата се доделува од 1959 и важи за најпрестижното признание во музичката индустрија.
Слични новости
Анимираниот филм ГОАТ на Сони го презеде првото место на американскиот Бокс Офис
Анимираниот филм на Сони „ГОАТ“ кој минатата недела беше втор на Бокс Офисот, ја презеде првата позиција во САД со заработка од 17,2 милиони долари овој викенд.
Хамнет најдобар британски филм, Сентиментална вредност филм на годината на неанглиски јазик на БАФТА наградите
Наградата Бафта за британски филм на годината ја освои филмот „Хамнет“ кој има номинации и за Оскар. За филм на годината што не е на англиски јазик...
„Една битка по друга“ филм на годината на британските Бафта награди
На гала церемонијата за доделувањето на британските филмски награди БАФТА што се одржаа синоќа во Лондон, доминираше „Една битка по друга“ на режисерот Пол Томас Андерсон.


