Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ одржаа нов протест поради неисплатена плата за месец септември. Два часа ги блокираа двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ во периодот од 7 до 9 часот.
Велат дека пари на нивните сметки се уште нема како и дека директорот на претпријатието се уште е недостапен за нив. Најавуваат радикализирање на протестот во наредниот период со блокади и на некои од сообраќајниците на главниот град.
Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, информираше дека вработените сè уште немаат земено ниту регрес за годишен одмор, јубилејни награди или отпремнина за пензионирани лица. Синдикатот веќе поднел пријави до Државниот инспекторат за труд, како и кривична пријава против директорот за неисплата на К-15.
Слични новости
Муцунски на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Брисел
Теми се имплементацијата на одлуките од Самитот во Хаг, безбедносните предизвици со кои се соочува НАТО, мерките за зајакнување на способноста за одвраќање и одбрана, поддршката за Украина
ЕСМ зема нов кредит од 60 милиони евра
Заклучно со септември, компанијата има загуба од над 90 милиони евра. За домаќинствата и малите потрошувачи ЕСМ ја продава струјата за 65 евра. Производната на ЕСМ, пак надминува 100 евра.
Прекинат бојкотот во МЖ Транспорт, железничкиот сообраќај е нормализиран
Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт.


