Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ одржаа нов протест поради неисплатена плата за месец септември. Два часа ги блокираа двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ во периодот од 7 до 9 часот.

Велат дека пари на нивните сметки се уште нема како и дека директорот на претпријатието се уште е недостапен за нив. Најавуваат радикализирање на протестот во наредниот период со блокади и на некои од сообраќајниците на главниот град. 

Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, информираше дека вработените сè уште немаат земено ниту регрес за годишен одмор, јубилејни награди или отпремнина за пензионирани лица. Синдикатот веќе поднел пријави до Државниот инспекторат за труд, како и кривична пријава против директорот за неисплата на К-15.

Слични новости

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Тој доаѓа на местото на Татјана Димитровска, која поднесе оставка поради обвиненија во случајот „Адитив“