Вработените во американското Федерално биро за истраги (FBI) во неделата добиле наредба да одговорат на прашалникот за секоја активност што можеби ги вршеле во однос за кривичните случаи поврзани со упадот на вашингтонски Капитол на 6 јануари 2021 година, што ги подгрева стравувањата од нови отпуштања во агенцијата за спроведување на законот.

Списокот на прашања во меморандумот, во кој увид имала агенцијата Reuters, им наложува на вработените да го наведат своето работно место, каква и да е улога што ја имале во истрагите за немирите на поддржувачите на претседателот Доналд Трамп на 6 јануари и дали тие помогнале да се надгледуваат таквите истраги.

„Знам дека јас и другите што го добиваат овој прашалник имаме многу прашања и недоумици, на кои напорно работам за да добијам одговори“, напиша Чад Јарброу, помошник директор на Одделот за криминални истраги во седиштето на FBI, во е-поштата испратена за викендот која ја видел Reuters.

Јарброу им порачува на вработените да очекуваат одговори до 15 часот по источноамериканско време време во понеделник.

Портпаролот на FBI одбил да го коментира прашалникот на барање на Reuters.

Опозициските демократи и другите постојани критичари велат дека тимот на Трамп спроведува „чистка“ на функцуионерите на FBI и на Министерството за правда кои имаа улога во кривичните случаи против Трамп и изгредниците во немирите на 6. јануари.

На неговиот прв ден на функцијата, на 20-ти јануари, Трамп им ги ублажи казните на 14 лица во врска со нападот во Капитол, а ги помилува останатите – вклучувајќи ги и оние кои нападнаа полицајци.

Вршителот на должноста заменик јавен обвинител Емил Боуве во петокот побара FBI до вторник напладне да му го предаде списокот на сите вработени кои работеле на случаите од 6-ти јануари, како и списокот на оние кои работеле на кривичниот случај поднесен минатата година против лидерите на милитантната група Хамас во врска со војната во Газа.

Тој, исто така, отпушти осум високи функционери на FBIд централата на агенцијата, како и шефовите на теренските канцеларии во Мајами и Вашингтон.

Боув минатата седмица отпушти десетина обвинители од Министерството за правда, кои работеа на два сега отфрлени кривични случаи кои специјалниот советник Џек Смит ги покрена против Трамп кои републиканските сојузници на сегашниот претседател ги сметаат за политички мотивирана хајка. Едниот случај вклучува активности преземени во обид да се поништат резултатите од изборите во 2020 година, а другиот вклучува поседување доверливи владини документи.

Марк Заид, адвокат кој е специјализиран за национална безбедност, напиша во писмо до Боув дека се чини дека неговите постапки претставуваат кршење на правилната постапка и дека доколку информациите за поединци се објават јавно, тоа може да ја загрози нивната безбедност.

„Доколку продолжите со отпуштањата и/или јавното објавување на идентитетот на отпуштените вработени, ние сме подготвени да ги браниме нивните права со сите расположливи правни средства“, се вели во писмото, кое Заид го објави на X.

Вршителот на должноста директор на FBI, Брајан Дрискол, во е-пошта до персоналот во петокот објавувајќи детали за налогот на Боув, рече дека барањето „опфаќа илјадници вработени низ целата земја кои ги поддржаа овие истражни напори“.

„Јас сум еден од тие вработени, како и в.д. заменик директор (Роберт) Кисане“, истакна Дрискол.

И покрај извештаите за други отпуштања во бирото, Ројтерс видел мејлови од Здружението на агенти на FBI и Џејмс Денехи, помошник директор на FBI задолжен за канцеларијата во Њујорк, во кои е јасно дека на никој друг не му е наредено да поднесе оставка.

Сепак, некои вработени почнаа да ги расчистуваат своите бироа во петокот поради загриженост дека тие би можеле да бидат следните, се вели во е-пошта од Здружението на агенти на FBI, кое го видел Reuters.

„Денес се наоѓаме во средината на нашата сопствена битка, бидејќи добрите луѓе се исфрлаат од FBI, а другите се мета затоа што ја вршат својата работа во согласност со законот и политиката на FBI“, напиша Денехи во петокот, велејќи дека е оддавајќи им почит на Дрискол и Кисане за „борбата за оваа организација“.

Денехи додаде дека освен избраната група на луѓе именувани во меморандумот на Бове, „никому не му е кажано дека ќе бидат отстранети во овој момент“.

globe

Слични новости

Гренланд забранува странски донации за политичките партии

Гренланд забранува странски донации за политичките партии

Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп би сакал да го вклучи во САД поради националната безбедност, има намера да усвои нацрт-закон со кој ќе се забранат странските донации за политичките партии на островот

Оштетувањето на кабелот меѓу Шведска и Латвија не е саботажа

Оштетувањето на кабелот меѓу Шведска и Латвија не е саботажа

Прекинот на подводниот кабел со оптички влакна меѓу Латвија и Шведска на 26 јануари не е саботажа, објави во понеделникот шведскиот обвинител задолжен за случајот, со што ја поништи заплената на осомничениот брод