До 20 проценти би можеле да се зголемат цените на авионските билети во Европа следната година предупредува извршниот директор на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири.
„Очекувам цените на авионските билети во Европа во следните 12 месеци да пораснат за 10, 15, а можеби и за 20 проценти“ изјави О’Лири.
Според него наглиот раст на цените на авионското гориво, предизвикан од војната на Блискиот Исток, е една од клучните причини за повисоките цени на билетите, поскапувањето сериозно ги намалува профитните маржи на авиокомпаниите што претходно не обезбедиле фиксни цени за набавка на гориво.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.