До 20 проценти би можеле да се зголемат цените на авионските билети во Европа следната година предупредува извршниот директор на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири.

„Очекувам цените на авионските билети во Европа во следните 12 месеци да пораснат за 10, 15, а можеби и за 20 проценти“ изјави О’Лири.

 Според него наглиот раст на цените на авионското гориво, предизвикан од војната на Блискиот Исток, е една од клучните причини за повисоките цени на билетите,  поскапувањето сериозно ги намалува профитните маржи на авиокомпаниите што претходно не обезбедиле фиксни цени за набавка на гориво.

 

 

 

Слични новости

Цената на дизелот во Франција достигна нов рекорд од 2,41 евра за литар

Цената на дизелот во Франција достигна нов рекорд од 2,41 евра за литар

Цената на дизел горивото во Франција достигна просек од 2,41 евра за литар, што претставува нов рекорд во жижата на геополитичката криза која сериозно ги наруши пазарите во снабдувањето со енергенти, пренесуваат француските медиуми.

Инфлацијата во САД и натаму превисока, не се однесува само на цените на нафтата

Инфлацијата во САД и натаму превисока, не се однесува само на цените на нафтата

Претседателот на американските сојузни резерви ФЕД Нил Кашкари изјави дека инфлацијата во САД и натаму е превисока и дека влијае врз различни гранки на економијата, а не само на цените на нафтата.