Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица- ОВР Валандово заплени околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово- Валандово.
-Имено, при крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 во правното лице за производство, трговија и услуги со приоритетна дејност, одгледување на останати повеќегодишни посеви и добиена лиценца за одгледување на марихуана за медицински цели, била извршена контрола од Комисијата при Министерството за здравство, по барање на МВР, и во присуство на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Валандово. Во текот на контролата се утврдени бројни неправилности околу произведената марихуана за медицински цели, при што е известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, кој дал наредба да биде извршен претрес во правното лице, по претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Гевгелија и Комисијата при Министерството за здравство за исполнетост на условите за простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за производство на марихуана за медицински цели, информира МВР.
Од претресот било утврдено дека во 500 кутии со околу 1390 килограми, кои се декларирани со етикета дека содржи ТХЦ сув цвет, содржината во пакувањата не содветствува со декларацијата. Од страна на јавниот обвинител издадена е наредба за вештачење до Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на пакувањата кои се декларирани дека содржат марихуана сув цвет со ТХЦ. Од вештачењето е утврдено дека содржината во пакувањата е фалсификувана односно наместо сув цвет на марихуана содржи отпад, гранки, листови, био маса и многу мала фракција на суви мали иситнети цветови, со што е извршено кривично дело по член 95В и член 29Г од Законот за опојни дроги.
Од страна на ОВР Валандово и ОКП извршени се проверки и повикани се на службен разговор 16 лица, меѓу кои сопственици на правното лице, поранешен управител, обезбедување, како и работници кои биле ангажирани на тримирање и чистење на марихуаната. Утврдено е дека околу 1390 килограми на марихуана е фалсификувана, а исто така утврдено е дека био маса со ТХЦ со вкупна килажа од 1629 килограми, која правното лице било задолжено да ја уништи и да достави известување до Министерството за здравство, истата не ја уништило и при контролата е затекната во правното лице.
Исто така, утврдено е дека недостасуваат околу 11 килограми марихуана од сортата „булк глубери“ и не е доставен доказ каде се наоѓа.
Од контролата и претресот утврдено е дека околу 815 килограми марихуана од реколта 2023 година е спакувана во полиетиленски вреќи, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и истата не е соодветно спакувана, складирана и обележана. Вреќите не се запечатени со сигурносна лента, иако во правното лице биле должни да постапат согласно член 29 Ѓ став 2 по Закон за контрола на опојни дроги.
По обезбедување на сите материјални докази, од страна на ОВР Валандово до надлежното ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 95 В, 29Г од Закон за контрола на опојни дроги против управителот на правното лице У.Р.Г. (21) од Бугарија, поранешниот управител Љ.С. (35) од Ново Село, против правното лице како и против Б.И. (49) од Нов Дојран, Б.И. (25) од Струмица и Н.Г. (40) од Струмица.
Од јавен обвинител од ОЈО Гевгелија е издадена наредба за одземање на околу 1390 килограми фалсификувана марихуана, околу 1630 килограми био маса со ТХЦ и околу 815 килограми марихуана со ТХЦ.
Исто така, од извршениот претрес и контрола утврдено е дека во правното лице пријавените управители пријавувале помала количина на сув цвет од реалната и констатирани се вишоци на марихуана.
Од Комисијата при Министерство за здравство е изготвено решение за одземање на лиценцата за производство на марихуана за медицински цели на правното лице.
Слични новости
Собранието го донесе вториот дел од Законот за задолжување од унгарскиот заем
Собранието со 68 гласови „за“ и 17 „против“, по скратена постапка го донесе Законот за задолжување на Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели
Бројот производи во „новогодишната кошница“ достигна 1.036, расте интересот на фирмите за приклучување кон акцијата
Бројот производи во „новогодишната кошница“ континирано расте и заклучно денешниот ден достигна 1.036 производи. Во акцијата досега се приклучени над 90 производители и дистрибутери на производи, инфомираше меѓу другото министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши
Со европска помош се унапредува образованието на медицинските сестри и на акушерките
Здравствената струка се реализира во 20 средни училишта низ државата, а над 4.700 ученици, од прва до четврта година, се школуваат за медицински сестри.