Јапонија забележа најголем годишен пораст на бројот на странски работници од кога се бележат податоците, соопшти денеска владата во Токио, додека земјата се обидува да го реши недостигот од работна сила предизвикан од стареењето на населението.
Во октомври 2024 во Јапонија работеа 2,3 милиони странци, што е зголемување за над 250 000 луѓе во однос на минатата година, соопшти јапонското министерство за работа. Тоа е најголемо зголемување од 2008 од кога се бележат податоците.
Бројот на странски работници во Јапонија е три пати повисок отколку пред една деценија, кога бројот на странски работници во 2014 изнесуваше 788.000.
Јапонија ја има втората најстара популација во светот по Монако, а поради строгите имиграциски правила се соочува со се поголем недостиг на работна сила.
Според властите, трите најголеми националности на странски работници се Виетнамци, Кинези и Филипинци.
Најчестите работи што ги извршуваат странците се во секторот на прозводството, угостителството и дистрибуцијата.
Слични новости
Нафтата стабилна на 76 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари на 76 долари, додека инвеститорите се обидуваат да проценат дали новите американско-кинески царини ќе го означат почетокот на трговската војна
Саудиска Арабија излегува од рамките на нафтениот сектор, според истражување
Деловната активност во Саудиска Арабија порасна во јануари со најсилното темпо во нешто повеќе од една деценија, со исклучок на производството на нафта, покажа истражувањето на S&P Global во вторникот
Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат
На европските берзи во вторник претпладнето се тргува претпазливо, при што индексите стагнираат, додека инвеститорите ја следат ситуацијата откако Вашингтон ја одложи примената на царините за увоз од Канада и Мексико, но не и од Кина