Во Шпанија беше измерена температура од 45,7 степени Целзиусови, што е највисока дневна температура забележана во оваа земја од почетокот на годината.

Рекордната температура била измерена во Ел Гранадо на југот од Андалузија, на границата со Португалија, соопшти шпанската метеоролошка служба.

Истовремено, соборен е и рекордот за највисока температура во Шпанија во месец септември.

Метеоролозите предупредуваат дека необично високите температури за овој дел од годината ќе продолжат и наредната недела, а во одделни делови на Шпанија се очекуваат температури над 40 степени, особено на југот од Шпанија.

Слични новости

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.